Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Мизрахи: На власта и е потребна конструктивна опозиција, критиките треба да се темелат на аргументи, а не само на партиски наративи

Во вчерашната емисија  „Интервал“ на телевизија 24, гостуваше Рашела Мизрахи, член на ИК и пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, која осврнувајќи се на парламентарната опозиција, изрази загриженост поради, како што рече, отсуството на конструктивна опозиција која ќе изнесува аргументирани ставови и видувања засновани на докази и материјали за кои може да се води суштинска дебата.

„Ситуацијата којашто ја имаме интересна во парламентот е непостоење на фактичка опозиција којашто изнесува ставови и видувања коишто се темелат на некакви доказливи материјали и со коишто може да влезете во материјална расправа“, вели Мизрахи.

Пратеничката Рашела Мизрахи оцени дека конструктивната опозиција е неопходна за квалитетно функционирање на власта, посочувајќи дека СДС во претходните два мандати направила круцијални грешки затоа што не ги слушала аргументите и забелешките на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

„Доколку СДС во минатите два мандати ги слушаше пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, барем да размисли на темата на она што е кажувано во рамките на парламентот, немаше да направи некој од најкруцијалните грешки. Зошто, вие може да дебатирате и да искажувате различни ставови и да ги браните партиските наративи, начело или делување од позиција на моќ. Меѓутоа треба да оставите еден дел во дијалогот во којшто ќе размислите на она што опонентот ви кажува. Јас многу внимателно ја слушам опозицијата како што и многу внимателно ја слушав власта кога ние бевме во опозиција. Сметам дека за дебата треба да се слушаат аргументите од двете страни“, истакна Мизрахи.

Можеби ќе ве интересира

ВМРО ДПМНЕ: Документите ги демантираат манипулациите на Филипче и СДС, Алта банка немала забрана во ЕУ и немало основ да се спречи влегувањето во Македонија

ДЕСК

СДСМ: Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески!

ДЕСК

СИЛЕН ВЕТЕР НАД 80 КМ/Ч ЌЕ ЈА ЗАФАТИ МАКЕДОНИЈА – Необично топло за ноември, во Скопје до 26 степени

ДЕСК