Centar.mk
ЛОКАЛНО

ЈП Комунална хигиена – Скопје спроведува засилени активности за отстранување на дивите депонии во повеќе скопски општини

Во текот на изминатото деноноќие, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстранија приближно 70 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани во скопските општини Кисела Вода, Центар и Ѓорче Петров.

Во општината Кисела Вода се реализирани активности на улицата „Христо Татарчев“, во непосредна близина на спортската сала Расадник, каде што се подигнати 30 кубни метри кабаст отпад одложен на тревна површина, додека на улицата „50-та Дивизија“ во општината Центар се отстранети 20 кубни метри претежно мешан комунален отпад одложен на сообраќајна површина.

Интервенирано е и на улицата „Борис Сарафов“во скопската општина Ѓорче Петров, каде што се расчистени 20 кубни метри непрописно одложен кабаст и отпад од картонски пакувања.

Воедно, Еко-патролата при ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на вчерашниот ден спроведе интервентни дежурства во општината Ѓорче Петров, при што се извршени едукативни разговори со дваесетина граѓани затекнати при непрописно одлагање отпад.

Фото ЈП комунална хигиена

Можеби ќе ве интересира

Герасимовски: На Водно ја продолжуваме традицијата, бадниковите гранчиња нека донесат здравје, среќа и благосостојба

ДЕСК

Во Домот на култура „Илинден“ отворена изложбата „Кон светлината“ на Новица Трајковски

ДЕСК

СДСМ со конкретни мерки за загадениот воздух: Бесплатен превоз, пари за филтри, еколошко греење, чистење

ДЕСК