Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Фото Владина прес служба на Израел
СВЕТ

Израел го разреши шефот на тајната служба, ги истражувал корупциските скандали на Нетанјаху

Израелската влада рано утринава го разреши шефот на домашната разузнавачка служба Шин Бет, а одлуката стапува на сила на 10 април, соопшти кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху, по тридневните протести против најавениот потег.

Тој не присуствуваше на владиниот состанок, но во писмото испратено до министрите рече дека процесот околу неговото разрешување не е во согласност со правилата и дека неговото разрешување се заснова на неосновани тврдења.

Полицијата употреби водени топови и изврши бројни апсења вчера кога избија судири за време на протестите во Тел Авив и во близина на резиденцијата на премиерот во Ерусалим. Во текот на изминатите три дена, демонстрантите за разрешување ги здружија силите со демонстрантите против одлуката за продолжување на војната во Појасот Газа./Извор:Makfax