Centar.mk
ЛОКАЛНО

Битолскиот совет изгласа финансиска помош за семејствата на настраданите и повредените во Кочани

На вонредната седница на Советот на општина Битола, советниците изгласаа да се донесе одлука за еднократна фиансиска помош на семејствата на настраданите и повредените во немилиот настан во Кочани.

Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски уште еднаш изрази длабоко сочувство за случувањата на 16 март во Кочани.

„Битола е град на солидарноста. Како и секогаш, заедно со сите советнички групи, претседателката на Советот и координаторите, се одлучивме за оваа иницијатива, која претставува скромна помош за семејствата на настраданите и повредените лица“.

Претседателката на Советот Габриела Илиевска истакна дека е донесена одлука да се издвојат два милиони денари, од кои еден милион ќе бидат одвоени за семејствата на починатите, а еден милион ќе бидат наменети за повредените лица во пожарот.

Битола сочувствува со болката на семејствата на настраданите и повредените лица и уште еднаш, советниците, преку единство, покажаа достоинство и почит за една од најголемите трагедии во земјава.

Можеби ќе ве интересира

Со уште три образовни институции продолжува реализацијата на проектот „Сончеви училишта“

ДЕСК

Општина Битола на барање на кугларскиот клуб „Пелистер“ Битола обезбеди нова опрема за кугларската сала која е сместена во спортската сала „Боро Чурлевски“.

ДЕСК

Од паркинг до урбана грижа – што сè прави ЈП „Паркинзи“за подобар Центар

ДЕСК