Centar.mk
СВЕТ

Аеродромот „Хитроу“ цел ден ќе биде затворен поради прекин на струјата предизвикан од пожар на трафостаница

Лондонскиот аеродром „Хитроу“ денеска ќе биде затворен до полноќ по прекин на електричната енергија предизвикан од пожар во блиската електрична трафостаница што го снабдува, соопшти управата на аеродромот.

„За да ја заштитиме безбедноста на нашите патници и колеги, немаме друг избор, освен да го затвориме ‘Хитроу’ до 23,59 часот на 21 март 2025 година“, рече портпаролот, според Би-би-си.

Во соопштението се советуваат патниците да не доаѓаат на аеродромот и да се јават во своите авиокомпании за дополнителни информации.

Десет противпожарни возила и 70-ина пожарникари се борат со пожарот во трафостаница во Хејс, кој е дел од Лондон.

Помошник-началникот Пат Голбурн рече: „Ова е многу значаен инцидент и нашите пожарникари неуморно работат во тешки услови за да го стават пожарот под контрола што е можно побргу“./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Странски турист испадна од кабина на жичницата на планината Дурмитор во Црна Гора

C +

Поради зимата во Газа умираат бебиња и деца, повик до Израел да дозволи помош

C +

Брз патнички воз уби седум слонови на пруга во Индија

C +