Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Шест малолетници меѓу жртвите во пожарот од Кочани – Македонија зацрнета

Шест малолетници меѓу 59-те жртви во досега најголемата трагедија во историјата на Македонија, пожарот во дискотеката Пулс во Кочани кој однесе во смрт 59 лица, а речиси 200 беа повредени.

Најмладите починати имаат 16 години, додека најстариот има 48 години, според податоците јасно се гледа дека најголем дел од жртвите имаат меѓу 16 и 30 години.

Институциите објавија возраст на починатите:
16 години – 3 загинати
17 години – 3 загинати
18 години – 4 загинати
19 години – 1 загинат
20 години – 2 загинати
21 година – 6 загинати
23 години – 2 загинати
24 години – 7 загинати
25 години – 3 загинати
26 години – 7 загинати
27 години – 2 загинати
29 години – 1 загинат
30 години – 3 загинати
31 година – 2 загинати
32 години – 1 загинат
33 години – 1 загинат
36 години – 4 загинати
38 години – 2 загинати
43 години – 1 загинат
44 години – 2 загинати
47 години – 1 загинат
48 години – 1 загинат