Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

„Кај еден пациент има подобрување, но претстои голема борба за закрепнување“, се огласија од ВМА во Белград

Поминаа четири дена од трагедијата што го погоди градот Кочани во Македонија кога во пожарот што избувна во дискотеката „Пулс“ загинаа 59 лица, а повеќе од 160 беа повредени.

Во Србија моментно се лекуваат 29 повредени лица од Македонија.

„На ВМА има 10 пациенти, од кои шест се на интензивна нега. Сите се во тешка и сериозна состојба. Единствен позитивен развој е што еден пациент го напуштил одделението за интензивна нега и бил префрлен на Клиниката за пластична хирургија, што значи дека сепак е чекор кон подобро. Неговиот живот повеќе не е во опасност, но допрва претстои голема борба за закрепнување“, истакна д-р Иван Лековиќ за РТС, а кој е заменик-началник на Воено-медицинската академија и главен дежурен хирург, пренесуваат српските медиуми./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Астролошка прогноза за Македонија во 2026: Година на тешка реалност, економски притисок и судбински избори

ДЕСК

Вечерва страшна сообраќајка кај Петровец, сообраќајот се одвива отежнато

ДЕСК

Родителите на починатите деца од „Пулс“ бараат новиот јавен обвинител да го преиспита случајот

C +