Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Полицијата почна да одзема возила на кои регистрацијата им била истечена скоро година дена

На 18.03.2025 во 10.10 часот на автопатот Скопје – Велес, на наплатна станица Петровец, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи во МВР извршиле контрола на товарно возило – влекач „Мерцедес“ и полуприколка со скопски регистарски ознаки, управувано од лице (47) од Скопје, а сопственост на правно лице.

Притоа, бил констатиран прекршок по член 344 став 3 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, а во врска со член 26/10 од Законот за возила, односно затоа што сообраќајната дозвола на влекачот и полуприколката биле истечени и важеле до 24.04.2024. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Министерството за внатрешни работи апелира до возачите и сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и сите заедно да придонесеме за побезбедни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +