Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

МНР: Трошоците за превоз и сместување за семејствата на македонските пациенти кои се лекуваат во странство се целосно покриени од Владата

Во изминатиот период на социјалните мрежи се појавија бројни информации поврзани со обезбедувањето сместување за семејствата на македонските пациенти повредени во несреќата во Кочани, кои во моментов се лекуваат во странство.

Ја информираме јавноста дека трошоците за превоз и сместување за нив се целосно покриени од Владата на Република Македонија, преку Службата за општи и заеднички работи на Владата. Воедно, ги повикуваме семејствата на пациентите кои имаат потреба од превоз или сместување да се обратат на телефонскиот број 070-270-370.

Дополнително, сите дипломатско-конзуларни претставништва се на располагање за обезбедување потребната логистичка поддршка во земјите каде што се лекуваат пациентите. Контакт-листата со телефонски броеви е објавена на веб-страницата на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, а на располагање се и дежурните телефонски броеви: 075/273-732 и 075/268-736.

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, преку Оперативниот штаб формиран за оваа намена, е во постојана комуникација со сите надлежни институции, вклучително и со дипломатско-конзуларните претставништва на Македонија во странство.

Солидарноста и одговорноста се клучни во вакви моменти, затоа апелираме до граѓаните да се воздржат од споделување непроверени информации, со цел да се спречи понатамошно ширење на дезинформации./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК