Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Клековски: На пациент во Солун му е извршена трансплантација на кожа на рацете, во контакт сме со банка за кожни ткива за да почнат реконструктивни операции

Директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), Сашо Клековски, на денешната прес-конференција во Владата рече дека натамошните фази за пациентите со поголем степен на изгореници се високоспецифични и бараат специфично искуство и затоа се решиле да се праќаат пациенти во странство.

„На еден пациент во Солун веќе му е извршена трансплантација на кожа на рацете. Веќе сме во контакт со фондација од Холандија, која има банка на кожни графтови, за да ги донесеме во Македонија и да почнеме да ја размислуваме реконструктивната фаза“, рече Клековски.

Директорот на Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“, д-р Синиша Стојаноски, соопшти дека неколку тимови странски лекари, кои доаѓаат од центри што се строго специјализирани за пациенти што имаат најголем процент и највисок степен на изгореници, како доктори од Воено-медицинската академија (ВМА) во Белград, од болницата „Шеба“ во Израел и од Чешка, веќе работат во ГОБ на санирање на повредите на оние пациенти што не се критични и кои веќе имаат потреба од дебридман и подготовка за следната фаза – реконструктивна хирургија.

„Тоа се операции што подразбираат отстранување на она изумрено ткиво, оштетено од изгорениците и давање простор тие повреди, тие рани да почнат да зацелуваат. Овие неколку дена не само што се следеше потенцијалното влошување на состојбата туку мораше паралелно да се санираат и повредите“, рече директорот на „8 Септември“./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Лишени од слобода осум возачи за безобѕирно управување возило, од нив еден без дозвола управувал возило кое го украл, а еден управувал трактор под дејство на алкохол, предизвикал сообраќајна незгода и го напуштил местото

ДЕСК

Пронајден возачот кои удри во малолетничка и избега, следува кривична пријава

ДЕСК

Вечерва слаб снег вее на овој патен правец, каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК