Centar.mk
СВЕТ

Џорџа Мелони: Разговорот Трамп – Путин создаде надеж за ставање крај на војната во Украина

Италијанската премиерка Џорџа Мелони изјави денеска дека разговорот меѓу претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин, создал надеж за завршување на војната во Украина.

„Тоа е првиот зрак на надеж, кој оди во насока на она што беше договорено меѓу администрацијата на Трамп и Зеленски во Џеда“, рече таа.

Мелони исто така го повтори повикот на НАТО да ја прошири заштитата, според член 5, на Украина, без членството на таа земја во алијансата, истакнувајќи дека тоа е единствениот ефикасен план за заштита, пренесува италијанската новинска агенција АНСА./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Трагедија на екскурзија во Грција: 15-годишен ученик паднал од хотелска тераса, лекарите не можеле да го спасат

C +

Макрон: Франција не води војна на Блискиот Исток

C +

Украина ја обвини Унгарија за киднапирање седум банкари и кражба на пари

C +