Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Македонскиот бизнисмен Крис Павловски донираше околу 16.000 евра за настраданите во пожарот

Македонскиот бизнисмен Крис Павловски и основач на компанијата Рамбл, донираше 1 милион денари односно околу 16.000 евра за настраданите во пожарот во Кочани.

– Моето срце е со сите семејства и пријатели на изгубените во Македонија. Во пожар загинаа 59 лица, а над 100 се повредени, од кои повеќето деца меѓу 14 и 20 години.

Јас лично донирав 1 милион денари на Црвениот крст на Македонија за поддршка на семејствата и настраданите, напиша на X, познатиот македонски бизнисмен Павловски.