Centar.mk
РЕГИОН

Училиштата во Србија и неделава ќе останат затворени: „Дури и да размислувавме за враќање, по 15 март не се чувствуваме безбедни

Голем број училишта во Србија, според сите проценки, нема да бидат отворени ниту оваа недела, и покрај тоа што Владата во неколку наврати го најавуваше 17 март како „ден Д“ за продолжение на учебната година. Просветните работници велат дека по она што се случи во саботата кога беше пукано со звучен удар врз учесниците на протестот, дополнително се плашат за својата безбедност и безбедноста на своите ученици.

Своите понатамошни чекори во суспензијата ќе ги координираат со студентите чии барања ги поддржуваат.

Сите белградски средни училишта продолжуваат да ја прекинуваат наставата, а во некои од нив учениците со поддршка и логистика на своите родители физички ги блокираа зградите.

„Со исто темпо продолжуваме и оваа недела, особено по инцидентот на протестот во саботата со звучниот топ. Во тоа време, илјадници просветни работници, нашите сегашни и поранешни студенти, како и нашите сопствени деца беа на улица. И повеќе од јасно е дека сета наша безбедност беше загрозена. И да размислувавме на друг начин да се вратиме на работа, после ова не се чувствуваме безбедни, ниту ние, ниту нашите ученици“, објаснува за Нова.рс, Ана Димитријевиќ, претседател на белградскиот гимназиски форум./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Длабока поделеност во Србија за членството во ЕУ, покажува анкета

C +

НЕВРЕМЕ ГО ПАРАЛИЗИРА ЗАГРЕБ: Училиштата затворени, ветерот достигнува и до 90 км/ч

ДЕСК

Силно невреме со снег и дожд во Хрватска, граѓаните во погодените области добиваат предупредувања од надлежните

C +