Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

„Убиството на младината е убиство на иднината“ – граѓаните од Кочани на протест побараа правда за жртвите

Голем број граѓани на Кочани се собраа денес општинската зграда и побараа правда за жртвите од смртоносниот пожар во дискотеката „Пулс“.

Граѓаните извикуваа „Убијци“ и носеа транспаренти со натписи: „Луѓето што имаа задача да не’ чуваат не’ убија“, „Убиството на младината е убиство на иднината“, „Бараме одговорност“.

На протестот, граѓаните носеа и фотографии од своите роднини и пријатели кои ги загубија животите на концертот на групата ДНК.

Тие се собраа пред зградата на Општина Кочани, извикувајќи „Секој еден може да биде следен!“.

Во пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани, животот го загубија 59 млади луѓе, а 162 се повредени, од кои десетици се испратени на лекување во странство со тешки изгореници. Досега се уапсени 11 лица.

Претходно денес беше објавено дека починал и возачот на брзата помош од Кочани, Иле Гоцевски, кој ги превезувал повредените. По трагедијата и трауматичниот работен ден, дошол дома и заспал, и повеќе не се разбудил./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

„СТОП ЗА СМРТТА НА ПАТИШТАТА – ВОЗИ ОДГОВОРНО“ – Полицијата и РСБСП со порака до возачите во Струмичко

ДЕСК

СО 2,10 ПРОМИЛИ АЛКОХОЛ ЗАД ВОЛАНОТ НА „АУДИ“ – 36-годишник од Ораовица приведен во Радовиш, следува кривична пријава

ДЕСК

УТРЕ ПЕТ ЧАСА БЕЗ СТРУЈА ВО ТЕТОВСКО – Објавени локациите и термините за планираните исклучувања

ДЕСК