Centar.mk
БИЗНИС

Падна одлука во РКЕ: Поевтинуваат горивата

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 10.03.2025 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 74,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 76,50 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1), се намалуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 10.03.2025 година и со тоа, малопродажната цена на УРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 68,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 68,00 ден/лит.

Можеби ќе ве интересира

НБРМ: ММФ ја потврди стабилноста на банкарскиот систем и искажа задоволство од модернизацијата на монетарната рамка

ДЕСК

Халкбанк добитник на награда за одржлив развој за иницијативата „Милион садници“

ДЕСК

МФ: ММФ ја потврди стабилноста и отпорноста на македонската економија – извештајот со позитивни оценки за економскиот раст и фискалните политики

ДЕСК