Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фотографија: Центар.мк
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

Драстичен пад на температурите и невреме – Метеоцентар со детална прогноза за денеска и деновите што доаѓаат

Променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Ќе дува засилен ветер, во западните делови од западен, а во источните од северен правец. Попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пообилен пороен дожд (над 20л/м2), грмежи и засилен ветер (над 60км/ч.). Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме. Поради спуштање на постудена воздушна маса од север во текот на ноќта врнежите на планините и на повисоките места ќе бидат од снег, при што ќе се формира нова снежна покривка

Во Скопје, променливо облачно, попладне и во текот на ноќта со повремени врнежи од дожд, повремено поројни проследени со појава на грмежи. Во текот на ноќта во повисоките делови од котлината е можно провејување на снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер

Прогноза за 18.03.2025
Минимална температура: -3°C до 5°C
Максимална температура: 2°C до 10°C

Променливо облачно и студено, претпладне со повремени врнежи од дожд, на планините и на повисоките места од снег. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец. Попладне облачноста ќе се намали.

Прогноза за 19.03.2025
Минимална температура: -8°C до -1°C
Максимална температура: 6°C до 14°C

Утрото студено, преку денот претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Прогноза за 20.03.2025
Минимална температура: -8°C до -1°C
Максимална температура: 8°C до 17°C

Утрото студено, преку денот претежно сончево со слаб ветер од променлив правец.

✖