Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Земјотрес во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, рано утринава во 04 часот и 13 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Валадово, на 125 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML3.6.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Валандово и Струмица, како и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Дефокусот служи за прикривање на кражбата, кучињата лаат- караванот врви

ДЕСК

Филипче: Нападите врз мене и СДСМ се зголемија по договорот „мигранти за пари“

ДЕСК

Променливо oблачно време до сабота, а потоа врнежи од дожд и снег

ДЕСК