Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Со длабока тага и неизмерна болка ја примивме веста за страшната трагедија во Кочани – ВМРО ДПМНЕ се огласи по трагедијата во која загинаа 59 лица, над 150 се повредени

Владејачката ВМРО ДПМНЕ со сочуство по големата трагедија во дискотеката во Кочани, каде по избувнат пожар загинаа 59 лица, а над 150 се повредени.

– Со длабока тага и неизмерна болка ја примивме веста за страшната трагедија во Кочани, во која згаснаа многу млади животи. Ова е еден од најтажните денови за Македонија. Во овие моменти на голема загуба, мислите и молитвите на целото членство на ВМРО-ДПМНЕ се со семејствата на загинатите, со нивните најблиски и со сите погодени од оваа катастрофа, се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ по повод страотниот пожар во кој загинаа 59 млади лица, меѓу кои и малолетници.

– Ова е време кога Македонија мора да биде обединета во сочувство, солидарност и хуманост, наведуваат од ВМРО ДПМНЕ.

– Ги повикуваме сите надлежни институции да дејствуваат брзо и ефикасно, да обезбедат целосна помош за сите настрадани и да ги утврдат причините за оваа трагедија. Губењето на човечки животи никогаш не смее да остане без одговори и одговорност. Бог да биде со семејствата на жртвите, со повредените и со целиот македонски народ, велат од владејачката ВМРО ДПМНЕ.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: И Црна Гора ѝ ја одзеде дозволата за работа на Alta Pay Group, само кај нас Мицкоски и Славески убедуваат дека сè е во ред

ДЕСК

Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува

ДЕСК

НЕОФИЦИЈАЛНО: АРКИН ЈАХИЈИ ПОБЕДИ ВО БРВЕНИЦА – Тесна разлика во вториот круг од изборите

ДЕСК