Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Што ќе соопшти Христијан Мицкоски: Владата најави вонредна прес конференција

Денеска 16.03.2025 година во 18:00 часот претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски ќе одржи прес-конференција во Медија центарот на Владата.

Она што засега се знае дека Владата на седницата ќе прогласи ден на жалост во Македонија кој ќе трае 7 дена.

Прес конференцијата доаѓа по најавената седница на Владата, по големата трагедија во Кочани, во која според досегашните податоци загинаа 59 лица, меѓу кои тројца малолетници. Во трагедијата покрај жртвите, има и над 150 повредени од кои 22 се борат за живот.

Доколку се заддржат овие бројки, ова ќе биде историски најголемата трагедија во историјата на Македонија од независноста наваму.

Можеби ќе ве интересира

Европски фронт собира потписи за уставни измени: Време е да се деблокира евроинтеграцијата

C +

Се запали сендвичара во Охрид, има повредени

ДЕСК

Трагедија: Му се слошило, па со автомобилот излетал од патот – почина возач

ДЕСК