Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Дерала: Мора да одговараат сите што се повикани за систем за превенција и безбедност за луѓето

„Сигурно е дека треба да се соочат со правдата сите што непосредно се одговорни за оваа трагедија. Но мора да одговараат, законски и политички, сите што се повикани да ги спроведуваат стандардите и законите, да воспостават систем за превенција и безбедност за луѓето“ пишува Џабир Дерала во неговиот текст на „Цивил медиа“ во врска со синоќешната трагедија во Кочани.

Дерала додава дека трагедијата а е ужасен, црн, трагичен потсетник за сите родители, чии деца секојдневно се изложуваат на ризици поради отсуството на грижа за безбедноста и превенцијата.

„Кој дозволил во објектот да влезат деца? Кој ја издал лиценцата за тој објект? Дали некој се занимава со стандардите на овие објекти и дали тие стандарди се почитувале во дискотеката?“ прешува Дерала.

Тој исто така пишува дека е неприфатливо министерот за внатрешни работи да одбива да одговори на прашањата, да бара да биде оставен да работи.

„Тој не се занимава директно со ситуацијата на теренот, не е обврзан физички да трага по фактите, ниту е директно во командната структура на полицијата – не е ни обучен за тоа. Тој е лицето повикано да ѝ одговори на јавноста, да одговори на сите прашања, колку и да се наивни“

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Железничките проекти на Коридорите 8, развој на брзата пруга на Коридорот 10 напредуваат

ДЕСК

По страшната трагедија за новогодишната ноќ, се огласи Министерството за здравство со детали за случајот со починатото бебе

ДЕСК

Повреден војник во затворот Идризово

ДЕСК