Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Претреси во Пробиштип и во Маврово и Ростуше, пронајдена дрога, приведени две лица

Денеска (15.03.2025) во 06.50 часот во Пробиштип, полициски службеници од СВР Штип лишиле од слобода лице(21) од село Пуздерци, пробиштипско. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба биле пронајдени и одземени марихуана, семки од растението канабис и предмет со остатоци од прашкаста материја.

Додека, на 14.03.2025 во 18.00 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар лишиле од слобода лице (33) од с.Требиште, општина Маврово и Ростуше. При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени семки од растението канабис.
По документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Можеби ќе ве интересира

Со владиниот авион попладне ќе се евакуираат македонските граѓани од Израел, во следните денови следи и враќањето од ОАЕ, Катар, Бахреин и Кувајт

C +

СДСМ нема да молчи: Оставка од Тошковски поради загубените животи!

C +

Николова: Предложените заменици министри се партиски кадри наместо експерти, уште едно лицемерие на Владата

ДЕСК