Centar.mk
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Зеленски: Турција ја гледаме како партнер во безбедносните гаранции за Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина ја гледа Турција како партнер во безбедносните гаранции за Украина.

Додаде дека Киев е подготвен да го ратификува договорот за слободна трговија меѓу двете земји.

Тој вчера во Киев се сретна со турскиот министер за одбрана Омер Болат и министерот за земјоделство Ибрахим Чумакли и разговараа за билатералните односи, соработката во производството на дронови, како и за учеството на турските компании во обновата на Украина.

„Важно е турските компании да имаат поголемо присуство во Украина. Нашата земја го цени ова, како и поддршката и помошта од Турција, особено снабдувањето со беспилотни летала Бајрактар“, рече Зеленски./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Британски воени лекари со падобрани стигнаа на изолиран остров поради сомнеж за хантавирус

C +

Независни руски медиуми: Во војната во Украина загинале околу 352.000 руски војници

C +

Иран подготвува нов закон за премин низ Ормутскиот теснец

C +