Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова ќе учествува на 12. глобален форум во Баку – во фокусот предизвиците на светскиот поредок

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ќе се обрати на 12. Глобален форум во Баку, што од денеска до 15 март се одржува во главниот град на Република Азербејџан во организација на Меѓународниот центар „Низами Ганџави“ на тема „Преиспитување на светскиот поредок: Претворање на предизвиците во можности“.

Предвидено е претседателката да се обрати на свеченото отворање на форумот, како и на сесијата на тема: „Пактот за иднината на Обединетите нации: градење на нов глобален консензус“.

Според најавите, на форумот е предвидено присуство на околу 400 учесници – актуелни и поранешни шефови на држави и влади, претставници на меѓународни организации и на граѓанското општество./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

СИНОПТИЧАРИТЕ СО НОВИ НАЈАВИ: Драматична промена на времето следните 4 дена – подгответе се за дожд, снег и силен ветер

ДЕСК

Утре променливо облачно, кон крајот на денот со повремени врнежи од дожд

C +

Муцунски: Поставуваме основа за подлабока економска и трговска соработка со Полска

C +