Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Сертификацијата на Центарот за обуки значи потврда за напорната работа и остварување на визијата за полицискиот и образовниот систем

Соопштение до медиуми, изјава на премиерот Христијан Мицкоски:

„Добар ден и од мене,

Навистина исклучително значаен настан за Министерството за внатрешни работи, најголемиот дел од спецификите поврзани со овој објект веќе ги слушнавте и од Нејзината екселенција амбасадорката и од министерот за внатрешни работи, мене само ми останува да посакам успешна обука и успешно користење на овој објект на генерациите коишто ќе го користат.

Да се заблагодарам лично на Нејзината екселенција амбасадорката Анџела Агелер за нејзината лична поддршка и помош при реализацијата на овој проект, да му се заблагодарам на министерот Панче Тошковски којшто заедно со својот тим и соработниците се вложија несебично да овој објект изгледа како што изгледа. Владеењето на правото, безбедноста на граѓаните е темелна уставна вредност и Владата има за задача, обврска, но и цел да ја почитува оваа темелна вредност и сето она коешто се случуваше, но и она што ќе се случува во периодот којшто следи подразбира бескомпромисна борба против криминал и корупцијата, нешто коешто го очекуваат граѓаните од нас и од оваа Влада, а нешто коешто за жал не беше случај во минатото кога најголемиот дел од нашите сограѓани се чувствуваа како граѓани од втор ред, а една мала група којашто беше тесно поврзана со коалицијата на власт, СДСМ-ДУИ беа граѓани од прв ред.

Сега нема привилегирање борбата против криминалот и корупцијата е безмилосна и така и ќе продолжи. Мораме да покажеме дека е не исплатливо да се занимавате со криминал и корупција во оваа држава.

Ви благодарам.“

Можеби ќе ве интересира

ДОАЃА НОВА ТУРА ДОЖД, А ПОТОА ЗНАЧИТЕЛНА ПРОМЕНА: Метеоролозите со нови најави за времето во следните 4 дена

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА ОДЗЕМА И ПО ДЕСЕТИНА АВТОМОБИЛИ ДНЕВНО: Лишени од слобода 16 возачи за безобѕирно управување возило, 11 од нив возеле без положен возачки испит

ДЕСК

Манасиевски: Башановиќ, кумот на Александар Вучич и екс советник на Зоран Заев, го води ПР-от на СДС и Филипче – затоа се опседнати со Србија

ДЕСК