18. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Папата помина мирна ноќ во болница, соопшти Ватикан

Папата Франциско помина мирна ноќ во болница, соопшти денеска Ватикан, 27 дена по неговата хоспитализација поради билатерална пневмонија.

Ватикан вчера соопшти дека 88-годишниот Франциско повеќе не е во непосредна опасност и дека неговата состојба е стабилна со благо подобрување, но не наведе кога би можел да биде пуштен од болница.

Поглаварот на Католичката црква од 14 февруари се наоѓа на лекување во римската болница „Гемели“, првично од бронхитис, кој прерасна во билатерална пневмонија.

Хоспитализацијата на папата, најдолгата во неговиот понтификат, дојде бидејќи тој веќе беше ослабен поради низа други здравствени проблеми.

Франциско има проблеми со дишењето, особено поради отстранување дел од белите дробови кога имал 21 година.

Здравствените проблеми ги оживеаја прашањата за неговата способност да ги извршува своите должности, како и шпекулациите за можна оставка./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Зеленски: Им веруваме на САД, веруваме дека претседателот Доналд Трамп сака да ја заврши војната

C +

Хамас објави дека ќе го предаде телото на еден од своите заложници

C +

Венс: „Украина и Русија сè уште не се подготвени, мирот е далеку од реалноста“

C +