9. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ бара оставка од Андоновски за скандалот со тендерските мрежи во министерството

Соопштение на СДСМ:
СДСМ бара оставка од министерот Стефан Андоновски за сакданлот со тендерските мрежи во неговото Министерство.

Државната комисија за спречување на коруција и Јавното обвинителство треба веднаш да постапат за целосно расчистување на случајот.

Министерот Стефан Андоновски отворено призна дека два тендери од неговото Министерство завршиле кај сопругот на неговата Државна секретарка, Клинчарова.

И наместо да поднесе оставка тој дрско ги брани договорите доделени на сопругот на државната секретарка дека биле “заштеда на пари“!

Ова е очаен обид за манипулација, но фактите се јасни: Државната секретарка Клинчарова, како највисок административен функционер, раководи со целата администрација во Министерството и е директно надредена на сите кои работат на тендерските постапки.

Секој обид да се минимизира нејзината улога е груба лага и навреда за интелигенцијата на граѓаните!

Овој случај е најеклатантен пример за конфликт на интереси, непотизам и корупција – заштитен знак на ДПМНЕ!

Министерот Андоновски не може да се извлече со изговори, бидејќи не станува збор за еден, туку за два договори склучени со истата компанија на сопругот на Клинчарова.

Зарем мисли дека граѓаните ќе го премолчат ова?

Тендерските мрежи на ДПМНЕ продолжуваат да се шират, но институциите мора итно да реагираат!

Можеби ќе ве интересира

ДЗС: Пронајдени и безбедно отстранети неексплодирани убојни средства од Првата светска војна во близина на граничниот премин Меџитлија и во Старо Градско

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Земјоделството врвен приоритет на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, исплатени над 407 милиони денари на скоро 8.000 земјоделци

ДЕСК

(ВИДЕО) Прес на Бране Петрушевски: Каде се СДС сега да го нападнат главниот обвинител Коцевски или да прашаат за некоја истрага?

ДЕСК