Под влијание на топла и нестабилна воздушна маса од југ, следува период на променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд, Наместа врнежите повремено ќе бидат поројни ( над 15 л/м2) во форма на невреме проследени со грмежи и силен јужен ветер (над 60км/ч). Поинтензивни процеси ќе има утре во вечерните часови, во текот на ноќта и во четврток претпладне.
Преодно стабилизирање на времето ќе има во петок. Во сабота локално, а во недела и понеделник на повеќе места ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ветерот ќе го смени правецот во северен, што ќе предизвика опаѓање на дневните температури (7 до 10 степени).
Во Скопје, променливо облачно и топло со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината врнежите ќе бидат поројни проследени со грмежи и силен ветер, особено во ноќта кон четврток. Нови врнежи од дожд ќе има во недела и понеделник.
Прогноза за 13.03.2025
Минимална температура: 5°C до 11°C
Максимална температура: 17°C до 24°C
Претпладне променливо облачно наместа нестабилно, со локален пороен дожд и грмежи. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од југозападен правец (над 60 km/h).
Прогноза за 14.03.2025
Минимална температура: 2°C до 8°C
Максимална температура: 19°C до 26°C
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, наместа засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Прогноза за 15.03.2025
Минимална температура: 4°C до 10°C
Максимална температура: 20°C до 28°C
Претпладне сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локален краткотраен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, наместа засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).