Centar.mk
photo created by AI
РЕГИОН

Страшно злосторство во БиХ: млад човек убил друг, па се обидел да го распарчи телото

24-годишник брутално го убил својот врсник вчера во Високо во централна Босна.

Од Оперативниот центар на Министерството за внатрешни работи на Зеничко-добојскиот кантон потврдија за босански Аваз дека вчера во 18 часот и 35 минути во Полициската станица Високо влегло лице со иницијали И.М. и пријавил дека лице со иницијали Б.Д. (2001) од Високо му кажало дека во својот стан го убило лицето со иницијали П.Е. (2001).

„Пронајдено е безживотно тело. Увидот на местото на злосторството е извршен во текот на ноќта под надлежност на дежурниот обвинител“, соопштено е.

Првичните информации говорат дека младиот човек ја убил жртвата, а потоа ја исекол на парчиња во обид да го скрие телото./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Пешаци трчале преку автопат во Хрватска, двајца загинале

C +

Уапсен е и третиот осомничен за нападот врз куќата на Здравко Чолиќ: побегнале со скутер

C +

Вучиќ: Воениот сојуз на Тирана, Приштина и Загреб го загрозува мирот во регионот

C +