Centar.mk
СВЕТ

Се урна мал авион во САД, падна на паркинг

Мал авион вчера попладне се урна во близина на пензионерска заедница во округот Ланкастер, Пенсилванија, јавува Си-ен-ен.

„Авионот се урнал и службите за итни случаи се на лице место“, потврди полицијата.

Според извештаите, авионот паднал на паркинг, предизвикувајќи пожар кој зафатил повеќе возила. Службите за итни случаи, вклучувајќи пожарникари, полиција и екипи за опасни материјали се на местото на несреќата.

Биле пријавени неколку повредени, но детали за бројот и тежината на повредите се уште не се соопштени./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Зеленски: Путин веќе ја почна Третата светска војна

C +

Путин потпиша закон кој им дозволува на ФСБ да го исклучат интернетот во Русија

C +

Унгарија: ЕУ сака утре да го усвои 20-тиот пакет санкции кон Русија, ние ќе го блокираме

C +