Centar.mk
ЛОКАЛНО

Објавен јавен повик за вршење на јавни работи и работно ангажирање на 15 лица во Општина Битола

Општина Битола објави јавен повик за вршење на јавни работи и работно ангажирање на 15 лица невработени ниско квалификувани и со средно образование кои ќе бидат ангажирани за средување на зелените и јавни површини во градот и руралните средини, средување на речното корито на реката Драгор, средување на Золошката градина, помош при други градежни зафати во делот на инфраструктурата.

Работното ангажирање ќе биде за период од 4 месеци април – јули, во работни денови, понеделник – петок, со ангажман од по 7 работни часа на ден, за што на лицата ќе биде исплатен месечен надоместок во износ од 18.000,00 денари нето износ. Во износот се пресметани покрај надоместокот за извршената работа во тековниот месец и трошоците за превоз од местото на вршење на работите како и надоместокот за исхрана.

Кандидатите треба да достават барање и копија од документ за идентификација (лична карта).

Заинтересираните кандидати да се јават во период од 6 работни денови од денот на објавување на огласот, заклучно со 17.03.2025 год.

Бараните документи можат да се достават во просториите на Општина Битола ул. ,,Булевар 1 Мај“ бр.61 на шалтер бр 1.

Повеќе информации за јавниот повик, прочитајте на следниот линк https://www.bitola.gov.mk/јавен-повик-за-вршење-на-јавни-работи-и/.

Можеби ќе ве интересира

Герасимовски: Два нови ДУП-а за Калето и опфатот околу Француските гробишта, повеќе зеленило, спортски објект и уреден простор

C +

Започна реализацијата на проектот за темелно чистење и уредување на коритото на реката Серава, како и изградба на нова пешачка патека во општина Бутел

ДЕСК

Валбон Лимани го промовираше почетокот на работите на две улици

ДЕСК