Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
РЕГИОН

Најавен пороен дожд во БиХ, на Јабланица повторно и се закануваат разорни поплави

Властите во Јабланица, град во северна Херцеговина, каде што 19 лица загинаа во поплавите и свлечиштата на почетокот на октомври 2024 година, упатија итен повик до надлежните служби да преземат мерки поради можни нови поројни поплави бидејќи се очекуваат обилни врнежи од вечерва.

Според информациите од Федералниот хидрометеоролошки завод, за 11 март е на сила портокалово предупредување поради очекуваните обилни врнежи од дожд, кои би можеле да бидат најизразени во северниот дел на Херцеговина и централниот дел на Босна, кои исто така претрпеа последици по поплавите на почетокот на октомври.

Се очекуваат од 30 до 60 литри дожд на метар квадратен, а на места и до 100 литри, додека налетите од југ би можеле да достигнат и 80 километри на час, се наведува во предупредувањето.

Штабот за цивилна заштита им наложи на сите надлежни служби да ги преземат неопходните мерки за евентуална евакуација на населението во случај на поплави, одрони и наноси од шут.

Локалното комунално претпријатие итно почна со чистење на одводи и шахти.

Во текот на 3-ти и 4-ти октомври минатата година, во Босна и Херцеговина загинаа вкупно 27 лица по поројни поплави и одрони од карпи, а најтешко беше во Јабланица, каде загинаа 19 лица.

Бројни семејни домови и инфраструктура на тоа место се уште не се целосно реновирани.

Многу жители сè уште живеат во привремено сместување, додека некои патишта и комунални системи остануваат оштетени, што дополнително ги зголемува ризиците пред новите врнежи./Извор:Makfax