Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Центар.мк
БИЗНИС

МАРТ НОСИ ЗГОЛЕМУВАЊА НА ПРИХОДИТЕ: За пензионерите сигурни 2.500 денари покачување на пензиите, за работниците најмалку 1.800 до 2.000 денари раст на минималецот

Согласно закони донесени пред повеќе години, системски согласно инфлацијата и трошоците на живот и други параметри растат пензиите секој март и септември, а минималната плата се корегира само во март, еднаш годишно.

Иако веќе тече март, месец во кој и работниците веќе ги сработуваат повисоките плати, се’ уште нејасно е за колку ќе се покачи минималецот.

Синдикатите бараат плата од минимум 500 евра, со оглед дека синдикалната кошничка доживеа раст од над 1.000 евра. Со вакво барање излегоа и од опозициската СДСМ, која предложи разликата во придонесите меѓу 24.600 и 30.000 денари да ја покрие државата, со што минималната плата би достигнала 500 евра.

Власта го одби предлогот за субвенционирање на придонесите, но вели дека доколку синдикатите и работодавачите се договорат за минимална плата од 500 евра, тие би поддржале вакво решение. Но добар дел од бизнисмените се против минимална плата од 500 евра. Па така следните недели ќе мора да се одлучи, дали минималецот ќе се зголеми според постојниот закон кој носи усогласување на минималната плата за 1.800 до 2.000 денари повеќе или пак ќе падне некој дил на линија влада, синдикати, бизнис сектор.

Она што е најсигурно е дека пензионерите ќе добијат 2.500 денари покачување на пензиите, а тоа ќе го почуствуваат на први април кога се очекува парите да им легнат на сметките.

Можеби ќе ве интересира

Одржани редовна седница на Извршниот одбор за монетарната политика и седница на Советот на Народната банка

ДЕСК

Туркије урива рекорди во туризмот – остварени над 50 милијарди долари приход во првите три квартали од 2025

ДЕСК

Косово нѐ престигнува со плата од 500 евра во 2026-та, раст во целиот регион освен во Македонија каде засега остануваме со минималец од неполни 400 евра

ДЕСК