Centar.mk
фото Општина центар
ЛОКАЛНО

Герасимовски: Јавен повик за финансиска поддршка на спортски проекти и активности, вложуваме во развојот на спортот

Градоначалникот Горан Герасимовски информира дека Општина Центар распиша Јавен повик за финансиска поддршка на проекти и програмски активности од областа на спортот со цел унапредување, промоција и афирмација на спортот во општината. Герасимовски, истакнува дека право на учество имаат спортисти-поединци, спортски клубови, спортски здруженија и спортски институции.

„Средствата од овој повик ќе бидат насочени кон поддршка на иновативни и квалитетни спортски проекти кои ќе придонесат за развојот на младите спортисти, афирмација на аматерскиот спорт и организирање спортски настани од домашен и меѓународен карактер. Спортот е двигател на здравата и активна заедница. Општина Центар континуирано инвестира во создавање можности за младите спортисти и граѓаните да имаат пристап до квалитетни спортски содржини. Овој повик е уште еден чекор во насока на поддршка на спортските клубови, здруженија и поединци кои вложуваат во спортот и спортските вредности“, рече Герасимовски.

Јавниот повик за финансиска поддршка на проекти и програмски активности од областа на спортот изнесува три милиони денари. Рокот за поднесување на пријавите е десет дена од денот на објавување на Јавниот повик на веб-страницата на Општина Центар: https://www.centar.gov.mk/?p=24652.

Пријавата со целокупната документација може да се достави преку пошта на адреса: Општина Центар-Скопје, ул. „Михаил Цоков“ бр.1, 1000 Скопје, или во Архивата на Општина Центар-Скопје (барака 6) од 9.00 до 15.00 часот со назнака: ЈАВЕН ПОВИК за финансиска поддршка на проекти и програмски активности од областа на спортот.

Општина Центар продолжува да ја поддржува спортската заедница и да вложува во развојот на спортот како основа за здрав и активен живот.

Можеби ќе ве интересира

Перински: Воспоставена база на експерти за стручна поддршка на општините, повикот повторно отворен за аплицирање

ДЕСК

Градоначалникот на Гостивар, Лимани го промовираше асфалтирањето на патот во Долна Бањица

ДЕСК

Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

ДЕСК