Centar.mk
СВЕТ

Дете удри во дрво и загина на скијачка патека во Словенија

Дете трагично го загуби животот денеска на скијачката патека на Соришка планина. Несреќата се случила околу 9:40 часот, кога детето, скијајќи, излетало од патеката и удрило во дрво. Поради сериозноста на повредите, детето починало на лице место.

И покрај брзата реакција на екипите за прва помош, како и доаѓањето на хеликоптер од словенечката војска и полиција, спасувањето не било возможно.

Полицијата од Шкофја Лока апелира до сведоци на трагедијата да се јават на телефонскиот број 04 502 37 00 или на бројот 113 во Полициската станица Шкофја Лока./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

УДАР ВРЗ СВЕТСКИОТ ТРАНСПОРТ НА НАФТА – Сè помалку бродови минуваат низ Ормускиот Теснец

ДЕСК

НАТО ГО ИСПРАЌА РУТЕ ВО ПОЛСКА – Варшава бара дополнителна одбрана по навлегувањето на руски ракети и дрон

ДЕСК

ТРАМП НАВОДНО ПОБАРАЛ ЕВРОПА ДА ГО ПРЕКИНЕ ФИНАНСИРАЊЕТО НА УКРАИНА – Нови тврдења за разговорите со европските лидери

ДЕСК