Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО ДПМНЕ: Трендафилов молчеше цели 7 години и премолча масовен грабеж врз работниците и сега се сети да говори за работничките права кога на чело на Владата има нормална власт која подеднакво се грижи за сите

Соопштение на ВМРО ДПМНЕ:

Трендафилов од ССМ вели дека политички играчи прават упад во Синдикатот. Одговорот на ова е дека не може да се направи упад, во упаднат Синдикат и целосно заробен од СДС, ДУИ и Левица.

Наместо Трендафилов да покаже дека е независен, тој покажа дека е марионета на политиките на СДС, ДУИ и Левица. Политички привезок на поразената политика. Молчеше цели 7 години и премолча масовна пљачка и грабеж врз работниците и сега се сети да говори за работничките права, кога на чело на Владата има нормална власт која подеднакво се грижи за сите.

Трендафилов ниту знае, ниту сака да знае како им е на работниците зошто тој и малкумина од врхушката на ССМ живеат како шеици и со примања многу поголеми од просечната плата.

Може ли Трендафилов јавно да открие колку чини неговата плата како прв синдикалец и дали неговите месечни примања не се поголеми од над 1000 евра, и ако е така, што чувствува од реалните потреби на работниците?