Centar.mk
фото Влада
МАКЕДОНИЈА

Власта се премислува за давањето на паркингот кај Клиниката “Мајка Тереза” под концесија на фирма од Албанија?

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска од Свети Николе ја коментираше постапката за издавање на паркингот кај клиниката Мајка Тереза на фирма од Албанија, со што цената на паркинг услугата ќе порасне од 30 на 50 денари од час.

– Направена е физибилити студија и таа така кажала и ние не можеме да одиме спротивно на тоа. Второ, беше распишан јавен оглас, на кој се јави само една компанија. И трето, ние немаме ништо потпишано. Ако јавноста е против, а гледаме дека е против, тогаш нема ниту да потпишуваме, рече премиерот Христијан Мицкоски.

На постапката бурно претходно реагираа опозициските СДСМ и Левица, но и голем број на граѓани.

Можеби ќе ве интересира

221 ПРЕКРШОК ЗА САМО ПЕТ ЧАСА – Пешаците и возачите под засилена полициска контрола

ДЕСК

БЕЗ СТРУЈА ВО ПЕТОК ВО ПОВЕЌЕ ГРАДОВИ – Објавени улиците, населбите и часовите на прекините

ДЕСК

СИЛЕН ВЕТЕР НАД 80 КМ/Ч ВО ПЕТОК – УХМР предупредува, од сабота следува заладување

ДЕСК