Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Тимчо Муцунски и Пирамид Солушнс се во центарот на тендерската мрежа на ДПМНЕ, ќе објавиме се

Тимчо Муцунски, не само што нема да добие извинување од СДСМ, туку во следните денови ќе се соочи со целата вистина за неговото работење, соопшти СДСМ.

„Муцунски е меѓу оние кои се во центарот на тендерската мрежа за која СДСМ има преку 50 случаи со докази и документи, за тоа како се испумпувале пари од локалните буџети.

Наместо да се сили преку соопштенија и да бара извинување за нешто што е реалност и објавено на сите сајтови за јавни набавки, нека се подготвува за одговорност за скандали со вмрежување на неколку компании со партијата и создавање на партиско-бизнис соју. Дали на криминален налин се вршело главното финансирање на ВМРО-ДПМНЕ во изминатиот период?

СДСМ располага со сите докази за лица кои се директно поврзани со ВМРО-ДПМНЕ и со компаниите кои земале милионски тендери. Шемата е страотна и ќе биде целосно презентирана во јавноста.

Денес Муцунски треба да одговори: Зошто ја продолжува праксата од општина Аеродром и во МНР? Во Аеродром и доделил на Пирамид Солушнс 4 милиони евра во проекти, сега во МНР продолжува со прв договор за настрешница од пола милион евра. Колку од овие пари се зацршени во ВМРО-ДПМНЕ?

Дали го оживува криминалниот проект Скопје 2014 преку кој ВМРО-ДПМНЕ украде преку 750 милиони евра за стиропор и лажен барок?
Дали продолжува кражбата на народни пари преку овој проекто кој беше оквалификуван како грабеж на векот од европските медиуми?

Времето на Муцунски му отчукува, време е да одговара за своите бизнис шеми на штета на граѓаните.“ – се вели во соопштението.