Centar.mk
ЛОКАЛНО

Посебен режим на сообраќај во Скопје

СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека денеска (08.03.2025) со почеток во 12.00 часот ќе се одржи протестен марш по повод 8 Март со собирно место на бул. “Партизански одреди”, со траса на движење по бул. “Партизански одреди”, кон бул.”Св.Климент Охридски”, десно на бул.”Илинден”, право преку мост “Гоце Делчев” кон Стоковна куќа “Мост”, десно по бул. “Филип 2-ри Македонски” со крајна цел парк “Жена Борец” и бул. “11-ти Октомври” пред Собрание на Република Северна Македонија околу 15.00 часот. Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.

СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Можеби ќе ве интересира

Важна вест за скопјани: Посебен режим на сообраќај во недела

ДЕСК

Бесплатни стоматолошки прегледи за децата и пензионерите во општина Центар

C +

Перински: Воспоставена база на експерти за стручна поддршка на општините, повикот повторно отворен за аплицирање

ДЕСК