Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Муцунски преку омилената фирма дава 500.000 за настрешница од Скопје 2014, пари за плати нема

Од СДСМ посочуваат дека коруптивната шема на ВМРО-ДПМНЕ продолжува со полна пареа, а министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски се најде во центарот на нов скандал поврзан со милионски тендери и обновување на проектот Скопје 2014, кој светските медиуми го оценија како „најголемиот коруптивен проект во Европа“.

– Според најновите информации, Министерството за надворешни работи доделило тендер вреден 550.000 евра за изградба на челична настрешница, што претставува ново испумпување на народните пари кон фаворизирани фирми. Овој проект е само дел од пошироката тендерска шема на ВМРО-ДПМНЕ, која со години ја изигрува транспарентноста и правдата во државата, велат од СДСМ.

– Договорот за настрешницата е потпишан со „Пирамид билдинг солушнс“, компанија која има долга историја на бизнис односи со Муцунски. Оваа фирма, додека тој беше градоначалник на Аеродром, добила 11 тендери во вредност од 2 милиони евра, а истата компанија добила и договор вреден 335.000 евра за хигиенски и комунални услуги во општината.

Но, коруптивната шема не запира овде. СДСМ открива дека „Пирамид билдинг солушнс“ добила и тендери од унгарскиот кредит, пари што треба да ги враќаат македонските граѓани. Само во последните три месеци, оваа компанија добила тендери во вредност од 1,8 милиони евра, вклучително и реконструкцијата на скверот зад ТЦ Капитол, вредна 700.000 евра, каде на почетокот на работите присуствувал и премиерот Христијан Мицкоски.

Ова е нова потврда дека ВМРО-ДПМНЕ повторно ја враќа старата матрица на корупција, непотизам и злоупотреба на државните ресурси. Народот нема да дозволи повторно да биде ограбуван преку измислени проекти и милионски тендери за блиски фирми на партијата, порачаа од СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Блокадата на ССМ не ги принуди пратениците да дојдат пеш на работа, но Трендафилов вели дека нема да дозволи да наплатат трошоци како да трошат керозин

C +

СДСМ: Нема пари за минималната плата затоа што Владата планира авион за Мицкоски

C +

Мицкоски од Кисела Вода: Се доградува ООУ „Невена Георгиева – Дуња“, ги испорачуваме ветувањата дадени пред граѓаните

C +