Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведени две лица за предизвикување пожар и тешка кражба

На 06.03.2025 во 14.30 часот на ул.„Скупи“ на подрачјето на Карпош во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Е.Х.(19) и Е.Д.(18), двајцата од Скопје. Имено, претходно било пријавено дека на улицата бил забележан густ чад, по што полициски службеници излегле на местото и ги затекнале лицата како палат кабли, при што запалиле и сува трева.

Лицата биле приведени во полициска станица и од нив биле одземени каблите за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело „тешка кражба“. По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против нив ќе биде поднесена пријава по член 288 – „предизвикување општа опасност“ и член 236 – „тешка кражба“ од Кривичниот законик.

Можеби ќе ве интересира

СОНЦЕ ЗА ВИКЕНДОТ, НО УТРА ДО −3 °C – На почетокот на следната седмица услови за слаб дожд

ДЕСК

ТРИ НЕСРЕЌИ СО ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ ВО СКОПЈЕ – Меѓу настраданите и шестгодишно дете

ДЕСК

ГРАЃАНИТЕ МОЖАТ ДА ПРЕДЛОЖАТ РЕВИЗИИ – ДЗР прима иницијативи до 1 декември

ДЕСК