Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Продолжувањето на проектот “Скопје 2014” ќе биде поздравено од идејниот творец кој е на печалба во Будимпешта, Жерновски за настрешницата на МНР

„Не мора да се носат наочари за сонце, бидејќи не’ зафаќа се’ поголема сенка. Токму овој потег е она што и’ недостасуваше на македонската дипломатија последниве 8 месеци. Очекувам со новата настрешница од половина милион евра да зајакнат напорите, а со тоа и резултатите, за побрза интеграција во ЕУ“, напиша на социјалните мрежи поранешниот амбасадор, Андреј Жерновски откако дел од медиумите објавија дека на покривот на објектот на Министерството за надворешни работи ќе никне челична настрешница.

„Неопходното продолжување на проектот “Скопје 2014” не само што ќе биде поздравено од идејниот творец кој е на печалба во Будимпешта, туку сум убеден дека ќе биде и едногласно поздравено во седиштето на НАТО“, додава во напишаното Жерновски.

Таму, како што вели, веќе е познато дека не може да се биде рамноправен член без соодветен “чадор”./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Јасно е дека кај многумина има страв од избори, но изборите ќе бидат редовни, во 2028 година

C +

СДСМ: Европа не може да прими во членство организирана криминална група како ВМРО

C +

Тошковски: Новата шалтер сала во МТВ – побрзи услуги и подобри услови за граѓаните и вработените

C +