Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

“Власта да обезбеди пари за минималната плата од 500 евра за работниците”

– Економијата тоне, животниот стандард на граѓаните драстично се влошува а власта покажува неспособност и целосна незаинтересираност за кризата која самата ја предизвика, изјави Сања Лукаревска, пратеничка од СДСМ.

СДСМ предлага конкретни мерки и закони кои ќе го запрат економскиот пад, кои ќе ги покачат платите и ќе ги намалат сметките на граѓаните, но ВМРО-ДПМНЕ упорно ги одбива.

– Клучните економски параметри покажуваат дека на македонската економија не и оди, дека граѓаните имаат се помалку пари.

Инфлацијата е зголемена и изнасува 5%. Цените на храната се зголемени за 20%. Индустриското производство е во пад од 1,4% а извозот е намален за 5,9%.

Платите стагнираат, нема зголемување ниту на минималната ниту на просечната плата.

Најновите податоци се загрижувачки – дури 83.000 работници не ја добиле јануарската плата!, порача Лукаревска

Според Лукаревска драстичниот раст на бројот на компании кои не успеваат да исплатат плата и отпуштените работници се првите знаци дека е влошена и нестабилна состојбата и во компаниите.

– Ова не се само бројки, ова се човечки животи, ова е нашето секојдневие.

Реално, народот осиромашува, порача Лукаревска.

– Ова се негативни економски трендови кои ќе продолжат доколку Владата итно не преземе конкретни мерки.

Последната изјава дека нема пари за поголеми плати за работниците, дека нема пари за поголема минимална плата уште еднаш покажува отсутност од релноста.

Тоа значи дека стандардот на граѓаните ќе продолжи да се намалува, граѓаните ќе имаат се помалку пари и нема да можат месецот да го поминат со високите сметки и цени на храна.

Парите од буџетот мора да бидат наменети за граѓаните!

Бараме од власта и од владејачкото мнозинство да обезбеди пари за покачување на минималната плата.
Тоа и е работа на Владата, да најдат пари за поголеми плати на работниците и да им помогнат.

Работниците заслужуваат достоинствен живот, а не беда и понижување!

Доколку власта тоа не го направи, СДСМ ќе поднесе Закон за зголемување на минималната плата.

Најмалку што заслужуваат работниците е фер минимална плата од 500 евра за достоинствен живот, вели пратеничката на СДСМ.