Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Со очајните спинови за Зоран Заев, ВМРО-ДПМНЕ само ги потврдува сопствените скандали

-Тажни и очајни делуваат соопштенијата на ВМРО-ДПМНЕ секој пат кога ќе бидат фатени во скандал. Наместо да одговорат зошто се луксузираат на грбот на граѓаните, кои тонат во сиромаштија, тие се обидуваат да манипулираат и да го пренасочат вниманието, велат од СДСМ.

„Мицкоски тврди дека нема пари во буџетот за плати, нема средства за субвенции за електрична енергија, нема средства за минимална плата, нема пари за ништо – освен за приватни летови, тропско овошје и луксуз за Владата. Само за тоа има пари во буџетот.

Оваа стратегија на пренасочување на вниманието и лажни тврдења кога се во тесно, одамна е прочитана. ВМРО-ДПМНЕ не ја смени својата тактика повеќе од дваесет години. Како и што работи поранешниот претседател на СДСМ, не е од интерес за граѓаните – тој не е претседател на партијата веќе четири години.

Граѓаните сакаат одговори – дали и кога оваа Влада ќе направи нешто за да им го подобри животниот стандард?

Додека СДСМ беше на власт и премиер беше Зоран Заев, платите се зголемија за речиси 100%, се субвенционираше струјата за граѓаните, цените се држеа под контрола и имаше рекордни субвенции за земјоделците. Овие факти не можат да бидат избришани со манипулации на ВМРО-ДПМНЕ.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

СНЕГ ВЕЕ ВЕЧЕРВА ВО МАКЕДОНИЈА – СИТЕ ПАТИШТА СЕ ПРООДНИ, НО ИМА КАШЕСТ СНЕГ: Вечерно предупредување од „Македонија пат“

ДЕСК

СТУДОТ Е САМО ПОЧЕТОК – Македонија ја очекува временски пресврт, обилни дождови, а потоа и снег

ДЕСК

Мицкоски: Студентите ќе добијат многу повеќе од оние 140 денари за студентски оброк кои ги добиваат досега, работиме на понудата

ДЕСК