Centar.mk
РЕГИОН

Пожар во центарот на Белград, евакуирани жители од зграда: пламен предизвикан од канабис

Пожарот утринава избувна во центарот на Белград најверојатно предизвикан од канабис кој се запалил во кафеаната „Социјален канабис клуб“.

Според граѓаните, пожарот најпрвин избувнал во кафеаната, а виделе како горат експонати од канабис. Пожарот потоа се проширил на зградата.

„Видовме како пламенот проголта се, експонатите гореа внатре, не знам дали од таму почна, или нешто друго се запали и тоа само помогна да се прошири побрзо. Се разбира, беше страшно“, сведочи граѓанин, кој сакаше да остане анонимен.

Жителите на зградата веднаш биле евакуирани, а три противпожарни екипи во рекордно време пристигнале на лице место и спречиле пожарот да се прошири на становите. Нема повредени, а противпожарните екипи се уште дежураат на местото на настанот./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Вучиќ ја зајакнува војската и вели дека нема да дозволи Србија да биде покорена

C +

Вучиќ: Србија се подготвува да биде нападната од Приштина, Тирана и Загреб; Државата купи суперсонични ракети од Кина

C +

Ер Србија евакуираше уште 266 лица од Дубаи во Белград

C +