Општина Битола, започна со реализација на проектот за изградба на коловоз, фекална канализациона линија, атмосферска канализациона мрежа, водоводна линија и улично осветлување за ДУП за БЛР 4 дел и ДУП БЛР 4 дел блок 2, односно улиците 150,170 и 210 та.
Согласно проектната документација, вкупна должина на коловозот изнесува 647,98 метри.
Во моменталната состојба улиците се со набиен земјен коловоз и покривка од дробеник. Предвидено е асфалтирање на коловозите како и изградба на тротоари од префабрикувани павер елементи.
Вкупно предвидени средства за реализација на овој проект се 27.114.162 денари, од кои за коловоз планирани се 14.199.716,00 денари, за водоводна мрежа 1.023.078 денари, а за фекална канализациона линија и атмосферска канализациона мрежа 9.810.226 денари. Проектот вклучува и улично осветлување за што планирани се 2.081.142 денари.
Ова е еден од 16 проекти за кои Општина Битола доби финансиска поддршка од Владата на Република Македонија. Од планираните 16, во моментот општината има склучени договори за 10 проекти, 1 е во процес на евалуација, 1 пред потпишување на договор, 1 во постапка на јавна набавка и за 3 проекти започната е изведба на терен.