Францускиот претседател Емануел Макрон изјави во телевизиско обраќање до нацијата дека следната недела во Париз ќе се одржи состанок на началниците на генералштабовите на европските земји кои се подготвени да гарантираат за идниот мир во Украина.
„Без разлика дали мирот во Украина ќе се постигне брзо или не, европските држави мора да бидат способни подобро да се бранат или да одвратат каква било нова акција. Мора да ја зајакнеме нашата одбрана. Во овој поглед, остануваме посветени на НАТО, но мора да ја зајакнеме нашата независност. Иднината на Европа не смее да се решава во Вашингтон и Москва“, рече Макрон.
Според него, на претстојниот состанок ќе бидат донесени повеќе одлуки, меѓу кои и заедничко финансирање на набавката на тенкови, авиони итн. на европско тло како дел од зајакнувањето на одбраната без зголемување на дефицитот, пренесува Фигаро.
Тој го најави и утрешниот состанок на Европскиот совет, на кој ќе присуствува и Володимир Зеленски, нагласувајќи дека тоа е одлична можност европските земји да се посветат на брзо зголемување на инвестициите во одбраната./Извор:Makfax