Претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, рече дека е време Европската Унија да покаже оти може да застане на свои нозе и да ја поддржи Украина.
„Конечно, по ѓаволите, време е европските лидери да испратат јасна порака дека се подготвени да останат на своите зборови и финансиски да ја поддржат Украина. Ова долго време го бараме: Европската унија, Европа да покаже дека може да застане на свои нозе. Затоа постојано велиме – мораме да се засилиме. Мораме да бидеме подготвени. Мора да произведуваме и мора да се заштитиме. Тоа го очекуваат нашите граѓани од нас“, рече таа.
Во Брисел во моментот се одржува состанок на Европската Унија со Украина откако САД ја прекинаа воената поддршка за Киев, на што ЕУ бурно реагира.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, претходно денес објави дека Европа се соочува со директна и сериозна закана нагласувајќи ја важноста од зголемување на трошоците за одбрана на континентот.
„Мораме да бидеме способни да се браниме и да ја обезбедиме позицијата на сила на Украина“, рече таа./Извор:Makfax