Centar.mk
СВЕТ

Француски сенатор со порака: „Во Америка владее луд император и издрогиран дворски шут“ ВИДЕО

Францускиот сенатор Клод Малуре денеска одржа говор во францускиот Сенат во кој остро ја критикуваше моменталната состојба на американската политика и нејзиното влијание врз глобалните настани, особено војната во Украина.

Малхурет го спореди Вашингтон со дворот на императорот Нерон, го нарече Трамп „луд император“ и го опиша Илон Маск како „дворски лудак на кетамин“.

„Бевме во војна со диктатор, сега сме во војна со диктатор поддржан од предавник“, рече Малхурет, додавајќи дека верува оти одлуките на Трамп практично ги усогласиле САД со Русија на Путин, што дополнително го искомплицира конфликтот во Украина.

Говорот на францускиот сенатор доаѓа кога Америка прави остар пресврт во политиката кон војната во Украина, откако Трамп вчера ја прекина воената помош за Украина и по неодамнешната расправија меѓу американскиот претседател и Володимир Зеленски во Белата куќа.

Можеби ќе ве интересира

Америка ги повика своите граѓани веднаш да ги напуштат повеќе од десетина земји од Блискиот Исток

C +

Трамп: Подготвени сме да водиме војни колку што е потребно, имаме залихи што ќе траат засекогаш

C +

Поранешен шеф на ЦИА: Нападите на Трамп врз Иран се катастрофална грешка

C +