Centar.mk
РЕГИОН

Ердоган му го честита роденденот на претседателот Вучиќ

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, прими роденденска честитка од претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, во која изрази уверување дека соработката меѓу двете земји ќе продолжи да придонесува за стабилноста на регионот.

„Почитуван претседателе, драг пријателе, ви го честитам роденденот и посакувам на вашата екселенција уште многу години исполнети со здравје и среќа заедно со вашето семејство“, рече Ердоган, се вели во соопштението од Канцеларијата за односи со медиумите на претседателот на Републиката.

Во оваа прилика, тој додаде: „Сакам уште еднаш да го изразам моето задоволство од исклучителното ниво на нашите билатерални односи со Србија и верувам дека нашата соработка ќе продолжи да придонесува за стабилноста на регионот./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

27-годишнина од бомбардирањето на НАТО врз СР Југославија

C +

Британски коментатор: Предлогот на Вучиќ и Рама е најдобриот начин да се спречи нестабилност на Балканот и ЕУ

C +

Силен земјотрес во Грција, почувствуван и во Македонија и Албанија

C +