11. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Викаше и мавташе со стап: конгресмен исфрлен од седницата за време на говорот на Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа одржа говор пред Конгресот, што беше негово прво големо обраќање откако се врати во Белата куќа.

На почетокот на говорот на американскиот претседател на заедничката седница на двата дома на Конгресот се случи инцидент.

Штом Трамп го започна својот говор, некои од демократските претставници се пошегуваа дека неговите зборови не се вистинити, а некои од нив држеле табли со тој натпис.

Ал Грин му викаше на Трамп и мавташе со неговиот стап.

Републиканците му извикуваа „седни“ на Грин.

Мајк Џонсон, претседателот на Претставничкиот дом на Конгресот, на кого Трамп му се обрати да побара интервенција, упати опомени до Грин.

Бидејќи демократскиот конгресмен и после тоа не се смири и продолжи да мавта со стапот, Џонсон нареди обезбедувањето да го изведе Грин надвор од салата./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Борис Џонсон: Убиството на Чарли Кирк е знак за крајниот очај и кукавичлук на оние што не можеа да го победат на дебата

C +

Конгресот на САД одобри 342 милиона евра воена помош за Украина

C +

Сојузникот на Трамп убиен во атентат, ФБИ приведе осомничен, па го пушти

C +